Мелони: Русија лесно може да го врати мирот во Украина

t

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Русија може лесно да го врати мирот во Украина во секое време, како што рече, со повлекување од нелегално окупираните територии.

„Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина“, рече Мелони за време на говорот на виртуелниот самит на Г20.

Според извори во резиденцијата на италијанската премиерка, таа испратила нова осуда за постапките на Москва, поради, како што додаваат изворите, „сериозните последици и штети предизвикани за најсиромашните земји“.

Изјавата на Мелони дека Русија лесно може да ја запре војната во Украина следува по говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој во обраќањето на Самитот на Г20 рече дека треба да се размислува како да се врати мирот во Украина, заради запирање на „трагедија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…