ПОЛА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ НА ЕДНА ФИРМА! Муцунски прави настрешница, ама како да гради ПИРАМИД(А)!

t

34 милиони и 220 илјади денари ќе чини изградба на настрешница за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки.

Според информаџиите на ЕСЈН договорот е склучен на 17 декември 2024 година. Тендерот го добила компанијата ПИРАМИД БИЛДИНГ, која се чини е една од омилените компании на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека е активна во многу општини каде градоначалниците се токму од оваа политичка партија.

На јавната набавка се јавил само еден понудувач, односно ПИРАМИД БИЛДИНГ и нормално не намалиле ниту денар од предвидената сума за јавната набавка.

Каква е таа настрешница што чини 34,2 МИЛИОНИ денари, не знаеме, но условите за учество и на оваа јавна набавка се сомнителни.

За да се квалификува како способен за извршување на предмет на договор од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

Минимален годишен приход од најмалку 57.000.000,00 денари (поединечно за секоја од последните три години – 2021, 2022 и 2023 година).

Се бара и посебно искуство, оснодно понудувачот да има успешно искуство во минимум 3 изведени работи од предметната набавката склучени и реализирани во последните 5 (пет) години од денот на јавното отварање на понудите со вкупна вредност од минимум 57.000.000 денари од кои минимум 1 (една) изведенa работа од иста или слична природа со вкупна вредност од 28.500.000 денари

Од персоналот кој ќе биде вклучен во набавката и ќе биде на располагање (ангажиран) за цело времетраење на предметната набавка, економскиот оператор треба да располага со:

  • Минимум 2 (два) градежни инженери со овластување А за изведба од областа на градежништвото издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ,
    – Минимум 2 (два) инженери архитекти со овластување А за изведба од областа на архитектурата издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ.
    – Минимум 15 (петнаесет) бравари или заварувачи од кои минимум 6 (шест) со сертификат за испитување на оспособеност од акредитирано инспекциско тело,
    – Минимум 4 (четири) ракувачи/возачи на градежни машини наведени во делот – потребна опрема од тендерската документација со соодветни Уверенија за стручна оспособеност,
    – Минимум 1 (едно) стручно лице за безбедност при работа со Уверение за положен стручен испит
    – Минимум 40 (четириесет) ВКВ или КВ работници од предметната област кои ќе бидат ангажирани во извршувањето на предметната набавка.

Понудувачот треба да ја има во сопственост или да располага со следнава техничка опрема за цело времетраење на договорот:

  • Минимум 4 камиони
    -Минимум 2 (две) мобилни дигалки од кои минимум 1 (една) со висина на дигање од минимум 43м со сертификати за техничка исправност,
    -Минимум 3 (три) виљушкари со носивост од минимум 2т
    -Минимум 3 (три) дигалки со виљушка со носивост од минимум 1т

Пирамид Билдинг инаку е една од најчесто ангажираните компании низ општините кои имаат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, особено скопските општини. Каде се имаат земено тендер погледнете во продолжение.

Сите набавки заедно се повеќе од половина МИЛИЈАРДА денари за неполни три години за една компанија од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…

(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…

Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…