Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се поврзува со вахабисти
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа беа уапсени осум мажи, кои се поврзани со терористичкиот напад на полициската станица кога еден полицаец беше убиен, а друг беше ранет. Полицијата ја проверува поврзаноста на напаѓачите со радикални исламски организации, пишува РТС.
Убиениот полицаец беше погребан денеска, а во Унско-санскиот кантон е Ден на жалост.
Втор ден по терористичкиот напад во полициската станица во Босанска Крупа – апсења, претреси и проверка на контактите на малолетниот напаѓач. Во врска со нападот уапсени се осум лица. Полицијата во Босна и Херцеговина стапила во контакт со Европол за да добие информации од социјалните мрежи што ги користел напаѓачот. Се проверува и поврзаноста на напаѓачите со радикални исламски организации.
Во вчерашниот терористички напад на полициската станица во Босанска Крупа во БиХ загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет уште еден полицаец Авдо Хасановиќ.
Обвинителството во Босна и Херцеговина ниту ги демантираше ниту ги потврди наводите дека нападот бил верски мотивиран и поврзан со вахабистичкото движење. Експертите велат дека нападот врз полицајците уште еднаш покажува дека радикалните исламисти во Босна и Херцеговина не мируваат.
Армин Халитовиќ, градоначалникот на Босанска Крупа ги повика граѓаните да останат смирени и да ги следат медиумите кои вистинито и објективно известуваат.
Да се воздржиме од коментари кои не се проверени, особено коментари на социјалните мрежи каде во последно време полудуваме, се со цел истрагата што побрзо да се заврши“, побара градоначалникот на Босанска Крупа.
Припадниците на вахабистичкото движење се внимателно следени од полицијаta, особено по терористичкиот напад врз израелската амбасада во јуни во Белград, кога беше тешко ранет припадник на Жандармеријата, а потоа и убиството на припадникот на тоа движење, Сенад Рамовиќ, во близина на Нови Пазар.
Министерот за внатрешни работи тогаш рече дека следеле околу 100 припадници на вахабистичкото движење за кои се проценува дека се опасни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…
Кривична за полицаец кој дома чувал нелегално…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…