Полицајци во Тетовско на граѓаните им делеа летоци за превенција од пожари
СВР Тетово информира дека денеска нивни униформирани службеници спровеле активности за превенција од пожари на подрачјето на полициското одделение Јегуновце, на неколку локации на регионалниот пат и селата Лешок, Шемшово и Јегуновце.
-Од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од полициското одделение Јегуновце, беа спроведени активности за превенција од пожари. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, а во директна комуникација им беше укажано и да не фрлаат опушоци, да не палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите или излетнички огнови, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Полицајците воедно ги запознале граѓаните со законските последици предвидени за намерно предизвикување пожар или од невнимание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…