Полициска акција во Прилеп: Приведени четири лица поради неовластено вршење размена на валути
Вчера во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, извршиле контрола на подрачјето на град Прилеп, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење, информира МВР.
Како што информираат оттаму, при контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…