Полициска држава? Само во јануари МВР казни повеќе од 17000 граѓани
Во последните неколку месеци засилени се контролите на сообраќајната полиција низ целата земја, а регистрирани се низа прекршоци од граѓаните на Македонија.
Не го почитуваат законот ниту возачите, ниту пешаците кои ги полнат полициските билтени секојдневно и не даваат надеж дека нешто во иднина ќе се промени.
„Во текот на месец јануари 2022 година санкционирани се 17.619 учесници во сообраќајот на патиштата кои сториле сообраќаен прекршок, од кои 214 глоби се изречени на пешаци кои сториле сообраќаен прекршок. Во текот на месец јануари, највеќе се санкционирани возачи кои управувале со возило со брзина поголема од дозволената – брзо возење, односно изречени се 5665 глоби“, ни соопштија од МВР.
Законот за безбедност во сообраќајот говори дека казните за ваквите прекршоци се различни, па така за „непослушни“ пешаци санкциите се движат од 30 до 50 евра, додека пак за возачите казните се движат од 20 до 250 евра, а тука спаѓа и прекршочна санкција и забрана за управување на моторно возило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…