Објавено на:

Полицијата ги предупреди граѓаните пред протестот во Белград против ископ на литиум

t

Министерството за внатрешни работи на Србија и Вишото јавно обвинителство во Белград ги предупредија учесниците на протестот во Белград против ископувањето литиум во Србија да го почитуваат законот за јавен собир.

„Секој што ќе го прекрши законот ќе биде санкциониран и кривично гонет. На белградските улици нема да се дозволи насилство, како и напади врз државни институции и членови на МУП“, изјави министерот за полиција Ивица Дачиќ ден пред протестот најавен за 10 август.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, Ненад Стефановиќ, јавно ги предупреди учесниците на најавениот протест дека, како што наведе во соопштението, не треба да прибегнуваат кон насилничко однесување.

„Секој има право на мирно собирање, но насилството на територијата на Белград нема да се толерира“, рече Стефановиќ.

Повеќе здруженија на граѓани и еколошки организации најавија протест за 10 август во 19 часот во Белград поради намерата на властите да отворат рудник за литиум во западна Србија.

Како што соопштија, истекува рокот од 40 дена што еколошките здруженија и го дадоа на Владата на Србија да го усвои законот за забрана на геолошки истражувања и експлоатација на литиум во Србија.

Претставници на здружението „Не дамо Јадар“ најавија дека доколку не се усвои законот ќе организираат блокади во градовите во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…