Полицијата ги предупреди граѓаните пред протестот во Белград против ископ на литиум
Министерството за внатрешни работи на Србија и Вишото јавно обвинителство во Белград ги предупредија учесниците на протестот во Белград против ископувањето литиум во Србија да го почитуваат законот за јавен собир.
„Секој што ќе го прекрши законот ќе биде санкциониран и кривично гонет. На белградските улици нема да се дозволи насилство, како и напади врз државни институции и членови на МУП“, изјави министерот за полиција Ивица Дачиќ ден пред протестот најавен за 10 август.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, Ненад Стефановиќ, јавно ги предупреди учесниците на најавениот протест дека, како што наведе во соопштението, не треба да прибегнуваат кон насилничко однесување.
„Секој има право на мирно собирање, но насилството на територијата на Белград нема да се толерира“, рече Стефановиќ.
Повеќе здруженија на граѓани и еколошки организации најавија протест за 10 август во 19 часот во Белград поради намерата на властите да отворат рудник за литиум во западна Србија.
Како што соопштија, истекува рокот од 40 дена што еколошките здруженија и го дадоа на Владата на Србија да го усвои законот за забрана на геолошки истражувања и експлоатација на литиум во Србија.
Претставници на здружението „Не дамо Јадар“ најавија дека доколку не се усвои законот ќе организираат блокади во градовите во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минус шест степени на Попова Шапка, во…
Најниска температура утрово е измерена на Попова…
Четворица возачи уапсени во Тетово: Возеле пијани,…
На 28.11.2026 во 11:00 часот во Тетово,…
Пад на невработеноста, над 103.000 лица работат…
Во Македонија во третото тримесечје од 2026…
Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст,…
За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и…
Вучиќ не сака кандидат за претседател, но…
На СНС ѝ останува една недела да…