Полицијата пиша 1039 казни за само еден ден

t

Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ кој што, согласно веќе подготвената динамика ќе се реализира до крајот на учебната година за учениците од прво до четврто одделение во низа основни училишта на територијата на државата.

Се планира во наредниве месеци, почнувајќи од завчера, полициските службеници во соработка со РСБСП да посетат преку педесетина основни училишта во државава пришто преку практични предавања децата ќе ги учат основните сообраќајни правила и прописи, а дополнително во контекст на кампањата веќе се подготвени и испечатени околу 7.000 сообраќајни буквари и боенки за децата.

Всушност потребата за рана едукација ја поткрепуваат и полициските статистички податоци.

-Имено, вчера во полициските сообраќајни контроли низ патиштата во земјава беа евидентирани дури 186 сообраќајни прекршоци од страна на пешаци, што во извесна мера секако говори за нивото на сообраќајна култура и одговорност. Секако, и натаму предничнат прекршочните пријави по основ на непочитување на брзина на движење – 224, и непрописно паркирање – 285, додека пак по основ на неносење сигурносен појас регистирани биле – 43 прекршоци, а за говорење на мобилен телфон при движење (возење) – 40 прекршоци, информира МВР.

Во рамки на вчерашните вкупно издадени 1039 платни нализи, евидентирани се и 76 случаи на управување на возило без возачка дозвола. Во осум случаи возачи минале на црвено светло. а во четири случаи од сообраќај се исклучени алкохолизирани возачи. Исто така согласно Законот за возила евидентирани се 20 возила кои што биле нерегистирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК казни 86 поранешни и актуелни функционери,…

Државната комисија за спречување на корупција објави список со…

Полицијата пиша 1039 казни за само еден…

Министерството за внатрешни работи се вклучи во…

570 возачи санкционирани за едно деноноќие на…

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот…

Двајца осомничени за напад на полицајци во…

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…

ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…

Страшен настан го потресе Скопје, но не…