Полицијата ќе добива бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа

t

Со буџетот на МВР планирани средства за бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа на полицијата, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во насока на зголемување на мотивираноста на полицијата, проектирани се средства за бонус плата на вработените за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2022 година.

Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година, но и предвидената во овој Буџет за остварени над 150 часа прекувремена работа во 2022, вработените во МВР веќе немаат дилема дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат.

Само за илустрација, во 2022 година исплатени се бонус плати за 5.922 вработени, како бонус за 2021 година, во поединечен нето износ по вработен од 28.718 денари.Продолжуваме со востановената заложба за создавање на модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, напиша Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…

Страшен настан го потресе Скопје, но не…

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…

Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…