Објавено на:

ПОЛНИ ВРЕЌИ СО ГРАНАТИ СРЕДЕ ШИПКОВИЦА: Експлозивните средства биле од кинеско и од југословенско производство

t

Вчера околу 11.00 часот во Полициското одделение Попова Шапка било пријавено дека при изведување градежни работи во с.Шипковица, тетовско, во центарот на селото на место викано „Порој“, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати.

„По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и било констатирано дека станува збор за три ракетни гранати, една кумулативна мина од РПГ-рачен фрлач, една тромблонска мина со полнење и седум гранати со полнење од минофрлач од 60мм, делумно корозирани. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје експлозивните средства биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за експлозивни средства од кинеско и југословенско производство“, наведено е во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречен обид за шверц на 126 литри…

Инспектори од мобилните царински тимови Секторот за…

Британија воведува забрана за патување на израелските…

Обединетото Кралство денеска соопшти дека воведува забрана…

СДСМ е најтранспарентна партија во Македонија според…

СДСМ е најтранспарента партија, објави во својот…

Ковачевски: Европската коалиција нема да се откаже…

Европската коалиција, нема да се откаже од…

Вечерва Тешки муабети со аналитичарот Благојче Атанасовски

Не пропуштајте ја денешната епизода на Тешки…