Полските земјоделци повторно ја блокираа границата кон Германија
Полските фармери денеска повторно го блокираа најфреквентниот граничен премин меѓу Германија и Полска во близина на градот Франкфурт на Одра, предизвикувајќи долги задржувања на двете страни на границата.
„Во Франкфурт и Губен се блокирани граничните премини, а во самиот Франкфурт се формираат големи толпи“, соопшти полицијата во Франкфурт на Одра во сојузната покраина Бранденбург.
Според најавите на демонстрантите блокадата ќе трае до среда.
Полските земјоделци со недели протестираат против политиката на ЕУ поврзана со земјоделските субвенции. Една од причините за протестот е увозот на поевтини земјоделски производи од Украина.
А од германска страна, земјоделците со недели протестираат против политиката на германската влада и укинувањето на субвенциите за гориво. Во неколку наврати поради блокади се случија сообраќајни незгоди. Пред неколку дена земјоделците истуриле ѓубриво на пат во близина на Берлин, по што се случила сообраќајна несреќа со неколку повредени.
Земјоделците во неколку наврати ги нападнаа и колоните во кои се возеле членови на владата, членови на партијата на Зелените, кои земјоделците ги обвинуваат за аграрната политика на владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација
Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…