Поништено гласање во Студеничани, скршена кутија во Гевгелија – заврши гласањето за нов лидер на СДСМ

t

Заврши гласањето на вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Централната изборна комисија (ЦИК) констатираше дека процесот бил кредибилен и демократски.

Избирачко место во Студеничани било предвреме затворено и таму гласањето е поништено. Во Гевгелија била скршена кутијата и имало 10 минутен застој во гласањето.

Приговори стигнале од 15 општински изборни организации, во шест од нив се прифатени, а во останатите девет се одбиени, информираше Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателка на ЦИК.

На седум членови им било дозволено да гласаат, бидејќи, иако уредно се најавиле, сепак, не се нашле на избирачкиот список, а на други 44 не им биле прифатени приговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето ќе биде нестабилно во текот на…

Максималните температури денес беа 20 Попова Шапка,…

Пандов: Честа да се работи за Македонија…

Владата го назначи Александар Пандов за нов…

Хорор во Струмица: Малолетник силувал девојче

СВР Струмица поднесе кривична пријава против малолетник…

(Видео) Лога: Никој не може да им…

Никој не може да им го забрани…

Пожарникари гаснат опожарени отпад и сува трева…

Горат отпад и сува трева во близина…