Поплави во Кичево, општината организира времено сместување на поплавените од „Прилепска“

t

Поради лошите временски услови и интензивните врнежи, повторно настанаа поплави во неурбанизираната населба кај ул. „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители/лица, соопшти Општина Кичево преку Фејсбук.

-Лицата кои имаат потреба од времено згрижување ќе бидат сместени во спортската сала во Иванидол. На терен се екипите на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијална противпожарна единица – Кичево, кои интервенираат согласно приоритетите и потребите на граѓаните. Свикан е Кризен штаб, кој континуирано ја следи состојбата и ги координира сите активности за помош и заштита, нагласува Општината.

Општинските власти упатија апелира за смиреност, трпение и внимателност.

-Општина Кичево ќе го даде максимумот со сите расположливи ресурси за брза реакција и поддршка на засегнатите граѓани. Избегнувајте движење низ поплавени улици и подрумски простории. Доколку има ризик, исклучете електрична енергија во домовите, препорачува Општина Кичево во апелот до своите граѓани.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од алармантната состојба со поплавите во Кичево кои настанаа поради обилните врнежи од дожд кои започнаа вчера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поплави во Кичево, општината организира времено сместување…

Поради лошите временски услови и интензивните врнежи,…

Приведен маж во Кичево – се заканувал…

Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево…

Двајца кичевци во притвор поради обид за…

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Д. (37)…

Обилните врнежи предизвикаа хаос: Најкритични се поплавите…

Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави и…

Приведени две лица од Кичево, едно лице…

На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево,…