Поплави во Кичево, општината организира времено сместување на поплавените од „Прилепска“
Поради лошите временски услови и интензивните врнежи, повторно настанаа поплави во неурбанизираната населба кај ул. „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители/лица, соопшти Општина Кичево преку Фејсбук.
-Лицата кои имаат потреба од времено згрижување ќе бидат сместени во спортската сала во Иванидол. На терен се екипите на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијална противпожарна единица – Кичево, кои интервенираат согласно приоритетите и потребите на граѓаните. Свикан е Кризен штаб, кој континуирано ја следи состојбата и ги координира сите активности за помош и заштита, нагласува Општината.
Општинските власти упатија апелира за смиреност, трпение и внимателност.
-Општина Кичево ќе го даде максимумот со сите расположливи ресурси за брза реакција и поддршка на засегнатите граѓани. Избегнувајте движење низ поплавени улици и подрумски простории. Доколку има ризик, исклучете електрична енергија во домовите, препорачува Општина Кичево во апелот до своите граѓани.
На социјалните мрежи се појавија и видеа од алармантната состојба со поплавите во Кичево кои настанаа поради обилните врнежи од дожд кои започнаа вчера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево: Се судриле…
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на…
Напад со нож пред угостителски објект во…
На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР…