Поплави и свлечишта во источниот регион по обилните врнежи
Обилните врнежи од дожд кои во последните денови го зафатија источниот регион утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во Општина Чешиново-Облешево, вклучително и во селата Чешиново, Облешево и Чифлик, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Али вели според информациите од градоначалникот на општината, локалната самоуправа со сите расположливи ресурси активно интервенира на терен. Во интервенциите учествуваат и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК Кочани, а побарана е и дополнителна материјално-техничка поддршка, особено за испумпување вода од поплавените објекти.
Поради обилните врнежи, реките Брегалница и Кочанска река се со значително зголемен водостој, а на одредени локации во општините Штип и Чешиново-Облешево е забележано нивно излевање од коритата.
Како последица на врнежите, утрово се појавија свлечишта на експресниот пат Радовиш–Штип и на патниот правец Злетово – брана Кнежево. За настаните ЦУК веднаш информираше ЈП Македонија пат, чиј екипи излегоа на терен и интервенираа соодветно.
Дополнително, лизгање на земјиште е регистрирано и во с. Липково, место викано Кисела Вода. Од Општина Липково е соопштено дека располагаат со ограничени ресурси за вакви интервенции, поради што е побарана помош од државните институции за санирање на свлечиштето и намалување на ризикот од понатамошно влошување на состојбата.
ЦУК апелира до граѓаните да ги следат упатствата на локалните власти и да се придржуваат до мерките за заштита од поплави и свлечишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поплави и свлечишта во источниот регион по…
Обилните врнежи од дожд кои во последните…
Итен координативен состанок во ЦУК откако се…
По иницијатива на Општина Центар, во Центарот…
Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК…
Состојбата со врнежи во земјава во моментот…
Катастрофалните поплави во Азија одзедоа повеќе од…
Катастрофалните поплави погодија милиони луѓе во Тајланд,…
Рекордни зголемувања на водостоите во Македонија
Водостоите на речните текови во земјава денеска…