Поради дефект овој дел од Скопје ќе остане без вода
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува, согласно информација од ЈП Водовод известува дека поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до Младински Културен Центар (МКЦ) во населба „Центар“ во Скопје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Крњево, Керамидница, кај Т.Ц „Ист Гејт“, покрај бул.„Александар Македонски“ до бензинска пумпа „Лук Оил“, Пожарна, а со намален притисок ке бидат населбите „Маџари“ и „Хиподром“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:50 часот па до санирање на дефектот.
Инаку, по утринското примање на повикот за итниот случај на 112 во ЦУК за пукањето на водоводната цевка на улица „Кеј Димитар Влахов“ и дека има поплава од пукната водоводна цевка веднаш беа остварени телефонски контакти со ЈП „Водовод и канализација“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко. Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во близина на настанот, а како последици од тоа и лица кое не можеле да излезат од своите домови.
Од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради големиот дефект без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје се до санирање на состојбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…