Поради лични xирови на Шилегов пoчинa едно од липицанерите кои беа голема туристичка атракција за Скопје

t

Липицанерите и прошетката на градот со кочија беше огромна туристичка атракција на Град Скопје. Во 2013 Коце Трајановски набави два липицанери Монтоја и Сигојно од Грција, но и специјална кочија која беше набавена од Полска.

Истите беа користени за прошетка низ Плоштадот Македонија. Веднаш по превземањето на локалната власт, Петре Шилегов поради лични хирови го укина проектот, а од тогаш градоначалнико ги смести коњчињата во шталата до Зоолошката градина во Скопје.

Неодговорната работа на Шилегов излегува на површина и по завршувањето на неговиот мандат.

Последен пример кој се појави во јавноста е угинувањето на липицанерот Монтоја минатиот месец, кој ја покажува на дело несовесната работа на претходниот директор на ЈП Паркови и зеленило, поставен од страна на поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

Негрижата на претходното раководство дозволи липицанерот иако стар околу 14 години да угине, иако липицанерите важат за долгоживотни коњи кои живеат од 30 до 35 години.

На липицанерите за долговечност им е потребна голема физичка активност која им била ускратена изминативе 4 години бидејќи тие беа чувани во штала, со ваквата негрижа и поради личните хирови на Шилегов беше скратен животниот век на ова прекрасно животно.

Коњите се социјални животно па така сега и липицанерот Сигојно се соочува со сериозни проблеми откако го нема веќе својот пријател Монтоја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Командирот славел за купување на противпожарна скала:…

Во соопштение до јавноста, денес од ВМРО-ДПМНЕ…

Kaква дpcкост на Шилегов: Му рекол на…

Нема да добиете советници, а јас ќе…

Pacкол во СДСМ: Шилегов го кренал гласот…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…

Пpoблеми во СДСМ: Шилегов не се согласувал…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…

Aрсовска открива: Шилегов немал ниту проект за…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на…