Командирот славел за купување на противпожарна скала: Потрошени скоро 500 евра во кафана во еден ден

t

Во соопштение до јавноста, денес од ВМРО-ДПМНЕ известија за уште една сметка од низата гоштевања во предизборен период на поранешниот градоначалник Шилегов.

Ова е нивното соопштение:

Градските власти на Шилегов се гоштевале по кафани, со пари на скопјани плаќани енормни сметки.

“Сметка од околу 30 илјади денари за еден ден направил командирот на противпожарната единици поставен од Шилегов, а како причина навел прослава за купување на противпожарната скала, тоа е истата онаа скала која град Скопје ја купи 1.7 милиони евра, односно двојно поскапо од град Загреб.

Сметки скапи во сред кампања по кафани правела и Љубица Јанчева, која на 22 октомври во елитен ресторан на Кејот на Вардар потрошила 39.700 денари.

Функционерите на СДСМ трошеле на телешки бифтеци, морски плодови и разни други скапи специјалитети.

Со парите на народот се плаќа луксузот на функционерите од СДСМ. Сега веќе не можат на грбот на скопјани да се гоштеваат по кафеани и затоа е паниката и нервозата во нивните редови кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека…

Помина година дена од исчезнувањето на Самоил…

15-годишно девојче и нејзиното бебе исчезнаа во…

15 годишно девојче и нејзиното бебе се…