Поради пожарот во Трубарево, од утре онлајн настава за четири училишта во Гази Баба

t

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.

Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење.

„Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови“, се вели во соопштението од МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради пожарот во Трубарево, од утре онлајн…

Министерството за образование и наука информира дека…

Нема отстапки на параметрите за радијација во…

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска денеска соопшти…

„БОЈКОТ НА НАСТАВА, НА РАБОТНО МЕСТО, НА…

Жителите на скопските населби Ново Лисиче, Лисиче,…

Мицкоски нема да бара одговорност од Меџити

Четири лица се приведени во врска со…

(Фото) Демант: Пратеникот Јанчев не возел под…

Почитувани, Во изминатите часови во јавноста, од…