„БОЈКОТ НА НАСТАВА, НА РАБОТНО МЕСТО, НА ИЗБОРИ“: Жителите на Аеродром со манифест бараат чист воздух

t

Жителите на скопските населби Ново Лисиче, Лисиче, Аеродром, делови од Гази Баба синоќа додека се уште гореше во Трубарево, револтирани од загадениот воздух кој со денови е присутен низ споменатите населби, побараат сериозен пристап кон проблемот со загадувањето.
Тие преку социјалните мрежи испорачаа неколку барања за подобра животна средина за сите.
– Еве вака го замислувам еден протест кој би донел резултат. Излегување на токсичен воздух, па уште заедно со децата нема да ги вразуми и преку ноќ да почнат да работат правилно. Бојкот е лекот! Не протести за замена на фотељи со нови лажни ветувања!
МАНИФЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
Ние, граѓаните на Скопје – населба Аеродром, Лисиче и поширокиот регион – обединети повикуваме на итни мерки против загадувањето предизвикано од пожарите на депониите Дрисла и Вардариште, како и пожарот во Трубарево.

Наши итни барања:
1. Прогласување на вонредна состојба во Скопје поради токсичниот воздух.

2. Итно гаснење и санација на пожарите со мобилизирање на сите расположливи ресурси.

3. Заштита на населението:

• дистрибуција на маски,

• отворање здравствени пунктови,

• предупредувања во реално време.

Наши долгорочни барања:
4. Затворање и модернизација на депониите Дрисла и Вардариште со современи еколошки стандарди.

5. Нова стратегија за управување со отпад.

6. Вистински мониторинг на воздухот со јавни податоци достапни во реално време (без лажирање на податоците)

7. Одговорност и отчетност од сите институции задолжени за заштита на животната средина.

⸻
Нашата порака:
Не бараме козметички мерки.
Не бараме празни ветувања.

Бараме конкретен план, рокови и јасна одговорност.

Воздухот е наше право, не привилегија.
⸻
Ако нема реакција:
Ќе повикаме на бојкот и граѓанска непослушност:
• Бојкот на настава – ученици и студенти нема да присуствуваат на часови додека не се обезбеди здрав воздух.

• Бојкот на работно место – работници ќе одбиваат да се појавуваат на работа во услови на отровен воздух.

• Бојкот на избори – граѓаните нема да учествуваат на избори додека институциите не покажат конкретна акција за чист воздух.

• Боjкот на сметки, даноци и други давачки кон институции што ја игнорираат кризата.

————

Од ова појасно нема. А ако сакаме да си играме “протести” нема проблем, ќе прошетаме на улица да не видат колку сме убави.

Објавата е поставена на фејсбук групата „СТОП за смрдеата во АЕРОДРОМ и ЛИСИЧЕ – ВОЗДУХ СЕГА!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…

Четири борби, четири победи и ниту една…

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…