Порака на Ковачевски до Ахмети: Скандирањата „УЧК“ се голема грешка

t

Против скандирањата „УЧК, УЧК“, кој ги изговори Али Ахмети и илјадниците луѓе на скопскиот плоштад пред првиот круг на претседателските избори (а потоа и на други митинзи) ги оцени како „голема грешка“ и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. На митингот на СДСМ и коалицијата во Неготино тој рече:

„Али Ахмети прави голема грешка со скандирањата ‘УЧК’ на предизборните митинзи на ДУИ. Тој знае дека тие скандирања никому не носат добро и единствено што може да направат е разгорување меѓуетничка нетрпеливост во државата“.

Ковачевски го повика Ахмети да се воздржи од реторика која не е соодветна за актуелната сегашност, во која Македонија се стреми кон Европската унија.

„Господине Ахмети, членови и симпатизери на ДУИ, да не дозволиме да се вратиме назад во темните делови од поновата македонска историја. Имаме голема одговорност пред граѓаните, а нашите гласачи кои очекуваат да обезбедиме подобра иднина, да се препукуваме со идеи и концепти за иднината, наместо со закани и плашење. Ние мора да им испорачаме иднина на граѓаните, а не да ги заплашуваме со повици од минатото“,  рече Ковачевски.

Тој рече дека сите граѓани во државата да се обединат околу идејата за европска Македонија без разлика на нивната етничка, религиска, партиска или каква било друга припадност, но со инклузија, а не со дневно-политички квази-национализам.

Лидерот на СДСМ порача дека Македонија доволно долго седеше во чекалницата на ЕУ и крајно време е државата одлучно да го продолжи патот кон Брисел со СДСМ и Коалицијата „За европска иднина“.

Тој ги повика граѓаните на изборите на 8 мај да гласаат „за“ европска Македонија, а не со глас „против“да се обидат некого да казнат, бидејќи тоа носи последици и ризик за иднината на државата.

„Со гласањето ‘против’ одредена партија се создава илузијата дека некој некого казнува. Но, гласањето ‘против’ е со краткорочен ефект, кој со себе носи опасност од долгорочни последици за иднината на Македонија и враќање во минатото, во времето на 11-годишното владеење на Никола Груевски“, нагласи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…