Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 мај- Меѓународниот ден на слободата на медиумите

t

По повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на слободата на изразување како двигател на сите други човекови права, го одбележуваме во услови на повеќекратните кризи кои ја окупираат нашата сегашност.

Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето на поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да можат професионално да ја извршуваат својата одговорна задача. Да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис притисоци. А заедно со новинарите да се бориме и против лажните вести, бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации.

Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде што слободата на изразување е право и одговорност која може да ја практикува секој од нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…

Цените на нафтата паднаа за повеќе од…

Вториот блок на РЕК Битола вклучен во…

Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од…

САД: Не се регистрирани напади на други…

Не е регистриран ирански напад во ниту…

МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…