Поранешен европратеник: Посетата на Зеленски на САД може да е знак за трета светска војна
Заминувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Америка на преговори со американскиот лидер Џозеф Бајден може да биде знак за трета светска војна, изјави францускиот политичар и поранешен пратеник во Европскиот парламент Флоријан Филип, пренесува Спутник.
Како што рече, Зеленски отишол во Вашингтон за да направи голем сојуз токму поради тоа.
Филипо изјави и дека глобалниот конфликт им е неопходен на лидерите на Украина и на САД за да ја зголемат сопствената слава, но и за да ги уништат европските земји и да ја зачуваат хегемонијата на доларот.
„Ајде да ја разоткриеме оваа измама и овие лудаци и да најдеме мир во слободните земји“, додаде тој.
Како што пренесува Спутник, Флоријан Филипо е и лидер на движењето „Патриоти“ и постојано ги критикувал западните земји за финансиската поддршка на Украина и испораката на оружје за потребите на украинската армија.
Филипо смета дека западните земји само го продолжуваат конфликтот. Тој ги критикуваше и антируските санкции како и одлуките на Брисел во однос на енергетскиот сектор, оценувајќи ги сите тие мерки како глупави и луди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…
Откако се обрати до нацијата, претседателот на…
Белата куќа објави фотографии од Советот за…
Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…
Нетанјаху: Го одржав ветувањето дека нуклеарните објекти…
Израелскиот премиер, претседател и министер за надворешни…