Поранешен офицер на ФСБ: Членовите на Вагнер се подготвени да убијат Руси ако тоа им нареди манијакот Пригожин
Поранешниот агент на ФСБ и руски воен блогер Игор Гиркин, познат и како Игор Стрелков, предупреди дека членовите на приватната воена компанија „Вагнер“ нема да се двоумат да убиваат Руси доколку тоа им биде наредено од нивниот лидер Евгениј Пригожин. Да потсетиме, членовите на Вагнер минатиот месец започнаа краткотраен вооружен бунт против руското воено раководство.
Пригожин потоа ги обвини редовните руски сили дека ги напаѓаат позициите на Вагнер во Украина. За време на бунтот, тие зазедоа воени позиции во Ростов на Дон и се упатија кон Москва. Сепак, сè набрзо заврши благодарение на договорот со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Вчера, Стрелков на својот канал на Телеграм напиша дека за време на бунтот, Вагнерците „совршено ја покажале својата подготвеност“ во иднина да ги „убиваат своите сограѓани“ во согласност со наредбите на „манијакот (Пригожин)“, пренесува Њусвик.
„Слоганите на таканаречениот „Марш на правдата“ станаа референтна точка во понатамошното постоење на овој Вагнер, а оние сили што останаа во гореспоменатата нелегална вооружена формација под команда на (Пригожин) се истите предавници на Русија, таков каков што е и тој“, изјави Стрелков.
„Тоа е сосема исто. „Приватната војска“ на Пригожин нема морално право да се смета себеси за бранител на татковината. Стрелков истакна дека Вагнер „не претрпел ни најмала казна“ за неговиот неуспешен бунт против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За британската гаранција, азилантите, кредитот за брзата…
Шансите Македонија да добие комерцијален кредит со…
Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото…
„И понатаму две институции од областа на…
Мицкоски: Не почнавме од нула, почнавме од…
Премиерот Христијан Мицкоски на трибина пред граѓаните…
Tрагедија на Халкидики: Младо момче од Македонија…
Деветнаесетгодишно момче од Македонија трагично го загуби…
Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард…
Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа…