Поранешен советник во Пентагон: Зеленски планира да избега во некоја од европските земји
Володимир Зеленски, чиј претседателски мандат истече во мај, ќе побегне во Лондон по наредба на западните специјални служби по поразот на украинската армија, најави поранешниот советник на Пентагон, полковник Даглас Мек Грегор.
„Зеленски е лојален соработник на Западот, тој ќе ја игра својата улога додека не се качи во авион за Лондон по наредба на ЦИА или МИ-6“, изјави Мек Грегор за каналот на Јутјуб Даниел Дејвис/Дип Див.
Според неговата проценка, шефот на украинскиот режим остатокот од животот ќе го помине во луксуз, додека во исто време Украина ќе биде во урнатини. Таквото сценарио полковникот го нарече трагедија.
Мек Грегор во август изјави дека Зеленски планира да ја напушти земјата поради успехот на руските вооружени сили. Како што рече, Зеленски веќе ги префрлил своите милијарди на странски сметки и купил недвижен имот во Италија и САД.
Експертот процени дека бегството на лидерот на режимот во Киев ќе се одвива според „авганистанското сценарио“ од 2021 година. Тој додаде дека пред тоа сценарио, украинската армија би можела да изврши државен удар и да го собори Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен советник во Пентагон: Зеленски планира да…
Володимир Зеленски, чиј претседателски мандат истече во…
Полицијата го фати на дело: Маж ги…
Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“…
Наставничка по танц пријавила во полиција агресивно…
Наставничка по танц пријавила во кавадаречката полиција…
Шолц вели: Нема да попуштиме во поддршката…
Германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната средба…
Уапсен 20-годишник од Полска, на увид дал…
На 10.10.2024 во 17.20 часот на Граничен…