Поранешната МНР на Косово: Нема да ја чекаме Србија четврт век, треба да ја тужиме за геноцид
Поранешната министерка за надворешни работи на Косово, Мељиза Харадинај-Стубла изјави дека доколку Косово не постигне конечен договор со Србија до април оваа година, треба да разгледа други опции, пренесува Коха.
Харадинај-Стубла посочи дека Косово има доволно материјал да покрене тужба против Србија за геноцид.
„Неколку пати е кажано дека Косово треба да ја тужи Србија за геноцид. Не можеме да чекаме четврт век. Има доволно материјал. Треба да ги преиспитаме нашите стратешки цели, доколку сета оваа меѓународна мобилизација на Квинт не успее да ја донесе страните поблиску, зошто да не ги разгледаме нашите опции. Косово би можело сукцесивно да пристапи кон Конвенцијата за геноцид, бидејќи само на тој начин може да ги оствари своите права во однос на она што се случи во поранешна Југославија“, рече Харадинај-Стубла.
Харадинај-Штубла смета дека договорот за формирање на заедница на српските општини е најштетен за Косово, но дека е меѓународна обврска.
Харадинај-Штубла истакна дека не може да се постигне конечен договор без Соединетите Американски Држави и додаде дека САД сакаат конечен договор со взаемно признавање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…