Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет години затвор поради проневера

Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи за виновен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во случајот за проневера на државни средства и го осуди на девет години затвор, додавајќи три години на затворската казна што ја издржува во моментов.
Саакашвили, кој беше претседател од 2004 до 2013 година, претходно беше осуден на шест години затвор поради злоупотреба на службената положба по враќањето во Грузија во 2021 година, објави грузиска новинска агенција.
Поранешниот грузиски претседател е во болница од 2022 година, а денеска не се појави на судењето, јавува Цивил Грузија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет…
Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи…
Претседателот на Грузија помилува повеќе од 600…
Новиот претседател на Грузија, Михаил Кавелашвили денеска…
Протести во Тбилиси пред инаугурацијата на претседателот
Илјадници луѓе учествуваат на протестите во Грузија …
Грузија доби проруски претседател
Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски…
Илјадници проевропски демонстранти пред Парламентот на Грузија…
Неколку илјади проевропски демонстранти маршираа до грузискиот…