Објавено на:

Претседателот на Грузија помилува повеќе од 600 затвореници

t

Новиот претседател на Грузија, Михаил Кавелашвили денеска помилува 613 затвореници, што е прв ваков потег откако тој ја презеде функцијата на 29 декември.

Кавелашвили на Фејсбук изјави дека ги помилува затворениците по повод празникот Богојавление врз основа на овластувањата што му ги дава Уставот, а која се заснова на принципот на хуманост и државните интереси.

Како што се наведува, помилуваните „се вратиле кај своите семејства и повторно ќе бидат полноправни членови на општеството“, пренесува ТАСС.

Според Уставот, помилувањето на затворениците е една од ретките прерогативи на грузискиот претседател.

Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили беше избран за претседател на Грузија на 14 декември во парламентот, со мнозинство гласови на комисијата составена од 300 членови на парламентот и локалните самоуправи, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демонстранти за БИРН: Кинески системи за препознавање…

Технологиите за препознавање лица и масовно набљудување…

Мигранти од Грузија пронајдени кај Струга

Двајца мигранти од Грузија се пронајдени кај…

Уапсен лидерот на опозицијата во Грузија за…

Лидерот на грузиската опозициска Граѓанска партија, Александар…

ЕУ ѝ се закани со санкции на…

Европската Унија во вторникот предупреди дека би…

Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет…

Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи…