Објавено на:

Поранешниот претседател Буш му ја честиташе победата на Трамп

t

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш денеска му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на изборите одржани во вторник.

„Му честитам на претседателот Трамп за неговиот избор за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и на новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс и нивните семејства“, рече Буш во изјавата, пренесува Фокс њуз.

Тој им се заблагодари на американскиот претседател Џозеф Бајден и на потпретседателката Камала Харис „за нивната услуга за нашата земја“.

„Силниот одзив на овие избори е знак за здравјето на нашата република и силата на нашите демократски институции. Лаура и јас сме благодарни на изборните службеници, анкетарите и волонтерите кои ги надгледуваа слободните, фер и безбедните избори Ние им се придружуваме на нашите сограѓани во молитвата за успех на нашите нови лидери на сите нивоа на власта, Господ да продолжи да ја благослови нашата голема земја, пренесува Танјуг.

Поранешниот претседател Буш одби да го поддржи Трамп во изборната трка оваа година, според Фокс њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…