Поранешниот претседател на Перу е осуден на 20 години затвор поради примање мито
Алехандро Толедо е осуден за примање мито од 35 милиони долари од компанијата во замена за да ѝ дозволи да добие договор за изградба на пат кој моментално го поврзува јужниот брег на Перу со регионот на Амазон во западен Бразил, објави Ројтерс.
За време на едногодишното судење, Толедо ги негираше обвиненијата.
Минатата недела Толедо побара од судот да му дозволи да ја отслужи казната дома бидејќи боледува од рак.

Новонор беше во центарот на најголемиот корупциски скандал во Латинска Америка, откако во 2016 година призна дека подмитувал службеници во десетина земји.
Толедо, 78-годишен економист со докторат на Универзитетот Стенфорд, беше претседател на Перу од 2001 до 2006 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
90% од граѓаните се согласуваат да дадат…
Корупцијата е распространета и прифатлива за поголемиот…
Се урна покривот на трговски центар во…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
ОЈО поднесе кривична пријава за инспекторката од…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60)…
Поранешниот претседател на Перу е осуден на…
Алехандро Толедо е осуден за примање мито…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…