Поранешниот селектор на Македонија се сели во Казахстан
Екс селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, под чие водство Горан Пандев и другарите играа на ЕП 2020 најде нова тренерска работа, во Казахстан.
Ангеловски и официјално е назначен за нов тренер на екипата на Каспиј.
Популарниот Мрме по напуштањето на селекторската позиција, кратко време ја предводеше хрватската екипа Горица, ама поради слаби резултати беше сменет.
– Македонскиот стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер – се вели во краткото соопштение.
Неговиот нов тим Каспиј е последнопласиран на табелата во казахстанската Прва лига по шест одиграни кола, со биланс од пет порази и само една победа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанскиот репрезентативец Jамал стана најмладиот стрелец…
Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…
Англија прва, Данска и Словенија без победа…
Англија со една победа, Данска и Словенија…
Лазаров: Јас и додека бев играч бев…
Македонската ракометна селекција по настапите на ЕП…
(Видео) Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија…
Полицијата во Бирмингем имаше многу работа пред…
Новина во фудбалот, ќе се воведе портокалов…
Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) начелно…