Поранешниот фински претседател: Влез на Украина во НАТО ќе доведе до ескалација
Поранешниот претседател на Финска, Саули Нинисто изјави дека западните средства наменети за помош на Украина се при крај, а влезот на земјата во НАТО ќе доведе до ескалација, пишува „Политика“.
„Западот не беше добро подготвен за сето ова“, изјави тој за финскиот јавен радиодифузер Ниниште, кој беше претседател од 2012 до 2024 година.
Тој исто така тврди дека Русија е фокусирана на зајакнување на својата воена моќ, додека на Запад овој процес оди многу бавно, особено кога станува збор за производство на оружје.
Зборувајќи за влезот на Украина во НАТО, Нинисто оцени дека тоа ќе доведе до ескалација на ситуацијата и ќе резултира со долгорочни тензии, иако, како што додаде, не е исклучено тоа и да се случи.
Да потсетиме, заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, изјави дека изјавите на западните политичари за местото на Украина во НАТО служат за одржување на улогата на Киев во хибридната војна против Русија, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанската наркомафија оперира и во Финска: Запленети…
Албанското Специјалното обвинителство, во соработка со финските…
Руски борбени авиони навлегле во воздушниот простор…
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека…
Трагедија во Финска: Се судрија два хеликоптери,…
Патници во двата цивилни хеликоптери кои денеска…
Нов инцидент во Балтичкото Море: Пресечен подводен…
Подводниот кабел за напојување што ги поврзува…
Поранешниот фински претседател: Влез на Украина во…
Поранешниот претседател на Финска, Саули Нинисто изјави…