Поранешни обвинители на СЈО осомничени дека „злосторнички се здружиле“ со Сеад Кочан

t

Државното правобранителство поднело кривична пријава против двајца поранешни обвинители и еден истражител на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за пропусти во случајот со бизнисменот Сеат Кочан, објави Телма.

Во пријавата која ја објави телевизијата, во која пишува дека е испратена со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Владата, се вели дека поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во обвинителството за организиран криминал, неговиот колега Гаврил Бубевски, кој сега е шеф на скопското обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а сега директор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење. Заедно со обвинителите и истражителот, пријавен е и самиот Кочан.

Државното правобранителство смета дека тие навремено не поднеле барање за замрзнување на имотот на Трансмет вреден 17,2 милиони евра, а Кочан тоа го искористил, па си го префрлил имотот на друга фирма – токму на денот кога СЈО побара замрзнување.

„Тие, заедно и со меѓусебен договор, организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второпријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд , а третопријавениот (Арафат Муареми) во истражна постапка, знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот (Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Прво пријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава „не ги презеле сите пропишани законски дејствија и правни средства кои биле должни да ги превземат во постапката“, се вели во пријавата за случајот, кој е тема на вечерашната емисија „Код“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Ќе има ли дисциплинска постапка против обвинители…

Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство се уште…

Судиите и обвинителите во Бугарија на протест…

Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија…

Резил: Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната…

Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница…

Бугарија ќе им плаќа на судиите и…

Магистратите, државните извршители и судиите сума за…