ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

t

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција никогаш не ја прекинало соработката со Државната комисија за спречување на корупција, истакна на денешниот брифинг шефот на ОЈОГОКК, Ислам Абази.

Останатие обвинители, пак, истакнаа дека соработката не е прекината, но од ДКСК често добиваат „празни иницијативи“, кои потоа не резултираат со обвинение.

Обвинителката Ивана Трајчева објасни дека ОЈОГОКК отфрла и кривични пријави доколку не постојат доволно докази за покренување на обвинение, па така се отфрлаат и иницијативи на ДКСК.

– Иницијативи има, но не значи дека сѐ што ќе поднесат ќе резултира со обвинение, овде се отфрлаат и кривични пријави доколку нема докази. Еве да посочам примери, имаше неколку иницијативи, една за која не е надлежно ова Обвинителство, една иницијатива беше, така да се изразам, сосем празна.Кога се обратив до ДКСК за доставување на документација, или посочување каде можеме да прибереме докази, рекоа дека немаат ништо и дека иницијативата е поднесена по пишување на медиуми. Финансиската состојба на тоа конкретно лице тврдам дека беше проверена и немаше неосновано зголемување на имотот, купил возило за кое земал кредит. Значи задолжително по иницијатива на ДКСК не се поднесува обвинение, но не може да се доставуваат празни иницијативи, истакна Трајчева.

Обвинителот Абази додаде дека од ДКСК многу често не само што не доставувале докази за нивните иницијативи, туку и не ни посочувале од кои институции или каде ОЈОГОКК може само да ги прибави доказите.

Претходно, во јули 2023 година Јавното обвинителство соопшти дека ќе ја замрзне соработката со ДКСК поради крајно неодговорното однесување на институцијата.

 Оттаму рекоа дека е неодговорно од една институција како ДКСК, врз нецелосно обработени и неточни факти, да излегува надвор од своите надлежности и да прикажува шеми на наводно организирано дејствување, бидејќи тоа единствено е во надлежност на истражните и на судските органи во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на…

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана,…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…