Портпаролот на Стејт департментот: Косово и Србија да го спроведат договорот од 2023, вклучително и ЗСО
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер рече дека Косово и Србија треба да ги спроведат договорите од 2023 година, вклучително и ЗСО. Тој го повтори и ставот на Стејт департментот дека Србија ги прекршува обврските од дијалогот барајќи правна јурисдикција на Косово.
„Се согласуваме со ЕУ дека предлог-законот на Србија кој бара правна јурисдикција на Косово ги прекршува обврските од дијалогот. Косово и Србија треба да го спроведат договорот од 2023 година, вклучително и ЗСО, и решенијата од Дијалогот за сите граѓани, вклучително и Србите во Косово“, нагласи Милер на социјалната мрежа на „Х“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…