Објавено на:

Посакувам да беа вонземјани, ама не се: Сноуден вели дека паниката со НЛО се создава за да се намали интересот за истрагата за Северен тек

t

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, смета дека паниката околу настаните со балоните била вештачки предизвикана.

Состојбата со трите соборени неидентификувани летечки објекти во Северна Америка во последните денови има за цел да го оттргне вниманието на новинарите од истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Ваква оценка на Твитер искажа Едвард Сноуден, пренесоа руските медиуми.

„Посакувам да беа вонземјани, но не се вонземјани“, напиша Сноуден, коментирајќи ја ситуацијата со соборените балони и неидентификуваните летечки објекти во САД и Канада. Според него, „паниката е вештачки предизвикана“ и има за цел „да се осигури дека новинарите за национална безбедност се назначени да ги истражат глупостите со балонот на топол воздух, а не буџетот или експлозиите (како Северен тек)“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон објави извештај за НЛО: Дали има…

Пентагон објави извештај за неидентификувани летечки објекти…

Посакувам да беа вонземјани, ама не се:…

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална…

(Видео) Американски воен пилот идентификува НЛО

Како што пренесува De Bief, американскиот воен…

Американскиот Конгрес ќе го испрашува Пентагон за…

Американскиот Конгрес ќе го испрашува Пентагон за…