Објавено на:

Посакувам да беа вонземјани, ама не се: Сноуден вели дека паниката со НЛО се создава за да се намали интересот за истрагата за Северен тек

t

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, смета дека паниката околу настаните со балоните била вештачки предизвикана.

Состојбата со трите соборени неидентификувани летечки објекти во Северна Америка во последните денови има за цел да го оттргне вниманието на новинарите од истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Ваква оценка на Твитер искажа Едвард Сноуден, пренесоа руските медиуми.

„Посакувам да беа вонземјани, но не се вонземјани“, напиша Сноуден, коментирајќи ја ситуацијата со соборените балони и неидентификуваните летечки објекти во САД и Канада. Според него, „паниката е вештачки предизвикана“ и има за цел „да се осигури дека новинарите за национална безбедност се назначени да ги истражат глупостите со балонот на топол воздух, а не буџетот или експлозиите (како Северен тек)“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…

Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…

Германија пријави рекорд од речиси 14.000 видувања…

Германија бележи невиден рекорд во бројот на…

Трамп со напори агенциите да се откажат…

Претседателот Доналд Трамп им наложи на федералните…

(Видео) Украинската војска тврди: Снимивме НЛО

Вишиот технолошки советник за војување со дронови…

Трамп вели дека во НЛО материјалите имало…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави во…