Објавено на:

Посебен режим на сообраќај во Скопје во текот на утрешниот ден

t

Поради уличната трака „Халк Еко Скопје трча 10К“, организирана од страна на Сојуз на спортови на Скопје, утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во Општина Центар, од 8:30 до 10:30 часот.

– Натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево во продолжение до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, во Скопје. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…