Посебен режим на сообраќај денес и во среда во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес насловена како „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РМ и под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје, на 15.10.2023 година (недела), во периодот од 09.00 до 14.00 часот ќе се одржи генерална проба по што затворени за сообраќај ќе бидат следните крстосници:

– Бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од крстосница со ул.„Орце Николов“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“) и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.Главниот настан ќе се одржи на 18.10.2023 (среда) во периодот од 09.00 до 14.00 часот по што затворени за сообраќај ќе бидат следните крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“), сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас, велат од МВР.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…

Во тешка работна несреќа што се случила…

Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…

Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…

ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…

Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…

Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…

Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…

Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…