Посебен режим на сообраќај -Претседателот на националното собрание на Турција во посета на Македонија

t

Во земјава денеска во официјална тридневна посета ќе престојува делегација предводена од Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција.

Како што информираше собраниската прес-служба, Куртулмуш ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а ќе се сретне и со пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција. Предвидено е Куртулмуш да се потпише во Книгата на впечатоци и да има изјави за медиуми.

Како што информираат од Големото национално собрание на Република Турција, Куртулмуш ќе се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска Давкова.

На средбите, како што се наведува во најавата објавена на Големото национално собрание, ќе се разговара за глобалните и регионалните прашања, како и за билатералните и меѓупарламентарните односи.

Поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција од денеска до понеделник во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

– СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…

Размена на тешко ранети војници и можна…

На денешната средба помеѓу руската и украинската…