Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради атлетска трка
Утре во 10:00 часот поради одржување на атлетска трка во централното градско подрачје на Скопје, со траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, ул. „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…
Утре во 10:00 часот поради одржување на…
Герасимовски: Комунална хигиена мора да се освести…
Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми…
Турски државјани осомничени за помагање на странци…
За кривично дело – Помагање на странец…
Дебата Мециновиќ-Ѓорѓиевски во вторник на Канал 5…
Првата дебата меѓу кандидатите за градоначалници на…
Милошевски: Колку треба да си штракнат да…
*Фејсбук објава на Милош Милошевски. „Колку треба…