Полска купува повеќе од 200 ракети од САД!

Полските власти денеска објавија дека потпишале договор со САД за купување на повеќе од 200 антирадарски ракети во вредност од 745 милиони долари.
„Договорот опфаќа испорака на повеќе од 200 ракети AGM-88G AARGM-ER (Advanced Anti-Radiation Guided Missiles – Extended Range) со дострел поголем од 200 километри“, се вели во соопштението на полското Министерство за одбрана.
Испораките ќе се вршат помеѓу 2029 и 2035 година, се додава во соопштението.
Способни да уништуваат радари надвор од дострелот на противвоздушните системи, проектилите ќе можат да се лансираат главно од борбените авиони Ф-35 кои веќе се на располагање на полското воено воздухопловство, како и од авионите Ф-16.
Оваа година, Полска ќе одвои околу 4,7 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…