Објавено на:

Постои голем ризик од директен конфликт меѓу НАТО и Русија, велат официјални претставници на Москва!

t

Москва објави дека руските сили вчера уништиле три украински беспилотни чамци кои се обиделе да го нападнат мостот на Крим, а исто толку беспилотни летала биле соборени над регионот на Белгород.

Во исто време, првиот заменик претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Пољански, изјави дека постои висок ризик од директен конфликт меѓу НАТО и Москва, како и дека ситуацијата е „многу опасна“.

Пољански смета дека не може да се исклучи дека Алијансата испраќа и персонал во Киев, покрај разузнавачки податоци, оружје и муниција.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили напредуваат во контраофанзивата, отфрлајќи ги тврдењата на западните претставници дека споро заземаат територии.

„Украинските сили напредуваат. И покрај се и без разлика што некој ќе каже, ние напредуваме и тоа е најважно“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.

Белата куќа соопшти и дека украинските војници „постигнале голем напредок кон руските позиции на југот на земјата“, како и дека постигнале „извесен успех против втората линија на руската одбрана“, особено јужно од Запорожје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Македонската амбасада во Киев погодена во руски…

Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…

Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…