Потонал чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос – четворица загинати
Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција информираа дека под координација на Национален центар за оперативна координација, со патролен чамец и патролен брод, хеликоптер на военото воздухопловство и едно возило на копно, се спроведува акцијата за можно пронаоѓање на исчезнати лица.
Во конкретната област каде што е во тек спасувачката акција, ветерот е со јачина од шест Бофори, што дополнително ја отежнува операцијата на крајбрежната служба.
Според државната телевизија ЕРТ, несреќата се случила во текот на ноќта, а спасените лица се судански државјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потонал чамец со мигранти во близина на…
Безживотните тела на четири лица беа извлечени…
Каракачанов: Балканот ќе го претворат во голем…
Британија планира да донесе два милиони мигранти…
Рама: Нема да дозволиме центри за мигранти…
Албанскиот премиер Еди Рама за време на…
Кузеска: Мицкоски да одговори дали со Британија…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на…
Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет…
Вчера околу 22:10 часот кај место викано…