Кузеска: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата на владината делегација во Велика Британија било разговарано за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија.
Кузеска изјави дека, според информациите што ги добиле од Британијапрашањето за мигрантите било во фокусот на средбите со британската влада, но од македонската страна досега нема официјални информации.
Кузеска изјави дека, според информациите што ги добиле од Британијапрашањето за мигрантите било во фокусот на средбите со британската влада, но од македонската страна досега нема официјални информации.
„Ова е јасен знак дека повторно се крие нешто од јавноста. Мицкоски одбил да разговара на оваа тема со медиумот Тајмс, а за македонската национална телевизија дал само штур одговор“, рече Кузеска.
Според неа, британската влада нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тие, како што наведе, доаѓаат во пакет со разговори за кампови за мигранти.
Кузеска потсети дека Мицкоски досега неколку пати јавно негирал постоење на каков било договор поврзан со мигранти, но, како што рече, новите информации од Лондон укажуваат на спротивното
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…