Потпишан договорот за брза пруга Белград-Ниш: ЕУ ѝ подарува на Србија 610 милиони евра

Првата транша од инвестицискиот грант за изградба на брзата пруга Белград-Ниш од 598 милиони евра, како дел од финансискиот пакет за железничкиот Коридор 10, беше потпишана во воз во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Договорот го потпишаа шефот на регионалното претставништво на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за Западен Балкан, Алесандро Брагонзи и министерот за градежништво, Горан Весиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека ова е еден од најголемите проекти досега, а не само инфраструктурни.
Тој посочува дека вреди две милијарди и 775 милиони евра, од кои ЕУ ѝ дава на Србија 610 милиони евра. Од буџетот на Србија се издвоени 525 милиони евра, а остатокот, според претседателот, ќе го финансираат ЕИБ и ЕБОР по најповолни каматни стапки.
„Живеете за ова, ги погледнав платите од декември кај комесарот Вархеји – Ниш 670 евра во просек, 680 во Крагуевац и 1.250 во Врачар, 1.150 во Нов Белград, тогаш гледате дека треба многу да инвестираме во централна Србија и на југот на Србија“, рече Вучиќ.
Тој наведува дека Ниш со оваа брза пруга ќе биде поврзан со Белград, но и со Истанбул, Солун и Атина.
Ниш ќе биде на час и 40 минути од Белград, а сега со автомобил не се стигнува за два и пол часа, а со воз се потребни шест часа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека Србија има голем пријател во Оливер Вархеји и му се заблагодари за се што направил за Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…
Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…