Потпишан меморандум за соработка на Агенцијата за вработување на Македонија и Хрватскиот завод за вработување
В.д. директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Беким Мурати и директорот на Хрватскиот завод за вработување Анте Лончар денеска во Загреб потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции, што означува продлабочување на досегашната соработка.
На потпишувањето, како што информираат од Агенцијата, присуствувал и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска Мелаим Фетаи.
-Ова е прв Меморандум што Агенција за вработување го потпишува со земја – членка на Европската Унија и со него ќе се овозможи размена на најдобри искуства и практики, трансфер на знаење и подобрување на работењето на јавните служби за вработување. Предизвиците на пазарот на трудот се исти и за двете институции; од една страна – да се излезе во пресрет на барањата и потребите на работодавачите да најдат стручна и квалификувана работна сила, а од друга страна, да се овозможи што поголем број луѓе да најдат соодветно вработување, велат од Агенцијата за вработување.
Заедничка крајна цел, додаваат, е да се задоволат потребите и на работодавачите и на невработените лица, а службите за вработување да бидат препознаени како нивни вистински партнер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…