Потпишан меморандум за соработка на Агенцијата за вработување на Македонија и Хрватскиот завод за вработување

t

В.д. директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Беким Мурати и директорот на Хрватскиот завод за вработување Анте Лончар денеска во Загреб потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции, што означува продлабочување на досегашната соработка.

На потпишувањето, како што информираат од Агенцијата, присуствувал и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска  Мелаим Фетаи.

-Ова е прв Меморандум што Агенција за вработување го потпишува со земја – членка на Европската Унија и со него ќе се овозможи размена на најдобри искуства и практики, трансфер на знаење и подобрување на работењето на јавните служби за вработување. Предизвиците на пазарот на трудот се исти и за двете институции; од една страна – да се излезе во пресрет на барањата и потребите на работодавачите да најдат стручна и квалификувана работна сила, а од друга страна, да се овозможи што поголем број луѓе да најдат соодветно вработување, велат од Агенцијата за вработување.

Заедничка крајна цел, додаваат, е да се задоволат потребите и на работодавачите и на невработените лица, а службите за вработување да бидат препознаени како нивни вистински партнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…