Потрага за енергенти: Колумбиски јаглен за Германија
Во потрага по алтернатива за руските енергенти, Германија сега засилено се потпира на Колумбија и нејзиниот камен јаглен. Но и таа нова зависност има свои темни страни.
Подрачјето Ел Серехон на северот на Колумбија изгледа како месечевата површина: на 690 километри квадратни се простира површински коп од камен јаглен, најголем во Јужна Америка. Таму минатата година биле ископани 23,4 милиони тони од тој енергент. Јагленот од тој коп, кој е под управа на швајцарскиот концерн “Гленкор”, во целост оди во извоз, во последно време засилено во Германија, пренесува “DW”.
Во потрага по нови извори, германскиот канцелар Олаф Шолц неодамна разговарал со колумбискиот претседател Иван Дуке. „Колумбија ги проверува можностите за зголемување на извозот на јаглен за да се зголеми безбедноста во енергетското снабдување на Германија“, се наведува во соопштението од кабинетот на колумбискиот претседател. Во споредба со минатата година, веќе сега извозот на јаглен во Германија се зголемил за 62 проценти, а се очекува да продолжи да расте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Колумбиски претседателски кандидат застрелан во глава за…
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбеј (39)…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…